Некогашниот полигон за мали спортови е подготвен за вечерашниот митинг на СДСМ. Ова е првиот од неколкуте предизборни митинзи кои на овој простор, согласно одлуката на советот,  ќе се одржат од страна на политичките партии.


По налог на локалната самоуправа, просторот деновиве се средуваше, за да може  митинзите непречено да бидат проследени од страна на учесниците.


Истовремено, од страна на сопственикот на просторот, ГП Гранит деновиве, со бетонски плочи, беше заградена едната страна од полигонот, каде според најавите е предвидено да се гради објект од јавен интерес и деловен комплекс. 

OhridNews