Четирите најголеми политички партии, во петок, во Виена ќе се сретнат со претставници на меѓународната заедница за надминување на политичката криза во Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, потписници на ткн Пржинскиот договор, е предвидено да се сретнат со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит, еврокомесарот Јоханес Хан и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли.
Канцеларијата на ЕУ во Скопје ја потврдува информацијата.
OhridNews
извор Макфакс