Која е најдолната граница на човечкиот морал и чест? Каде е крајот на политиката? Дали демократското општество дава слобода да се однесуваме примитивно? Дали во Охрид и во охриѓани, не остана ни трошка од она што е свето и господово? Ова се само дел од прашањата што деновиве си ги поставуваат нашите разумни сограѓани и оние чија што мисла не е политички обоена и кои вистински се грижат за состојбата со нивото на Охридското Езеро.
Пред да започнам со мојата Колумна, да се потсетиме на нешто што ќе речете дека е излитено…. Ретки се македонците што барем еднаш во животот не го посетиле Охрид, ретки се луѓето што не го сакаат и не уживаат во него и барем во себе немаат една најмала искра, на желба да живеат тука. Значи сите го сакаат и го ценат она што е и го има Охрид, само ние самите не знаеме да го сакаме и да го чуваме. Ќе заклучиме, ова е само претпоставка , но зошто не болат ваквите изјави? Е па одговорот е едноставен-Вистината боли.
И да почнеме…. Сигурно по телевизииве имате погледнато барем еден спот од кампањата Животот е мојот филм, тоа се оние спотови во кои има поука дека треба добро да размислиш пред да земеш дрога. Ќе си речете сега, па каква врска има ова со случувањата во Охрид. Нема врска секако, но може да послужи како идеја, да се направи еден Филм, во кој ќе ги наредиме сите случувања во Охрид, откако проструи првата информација дека езерото почнало да расте и дека е неколку сантиметри над дозволената кота.
И така, спотот би започнал со воведната сцена- Првите поплави во Воска и Далјан, кои се случија на крајот на декември, значи среде зима беше. Такви поплави не биле забележани во Охрид од 60-тите години, што требаше да биде предупредување дека во текот на зимата и со почетокот на пролетта, хридролошката состојба ќе биде уште поалармантана. Но тогаш ништо, 
И следи клучната сцена- 17 февруари-Проструи информација меѓу новинарите, езерото е 11 сантиметри над дозволената граница. И по првиот новинарски прилог на оваа тема, се вклучува алармот, но не за евакуација од поплави, туку политичкиот аларм, за мобилност и спремност, за да навреме се почне битката, со обвинувањата од типот -ММЕ-тој е крив, вака требаше, така требаше, ова треба итно, она треба итно. И така езерото растеше секој ден по еден 
Наредна сцена- подземните води го поплавија Пештани и политичариве секој ден се возеа на таа релација и селото го посетуваа како никогаш до сега. Божем ги тешеа, а во суштина ги рошкаа жителите, со изјави -тие од другата партија, ви го направија ова, -тие се криви ние не, ние еве ве жалиме, еве дојдовме да ве посетиме….., им кажуваа политика на луѓето облечени во рибарски чизми кои сами се мачеа во вода до колена. Катастрофа! Жално, за пештанци секако, затоа што, политичарите ги посетуваа со едниствена цел, да соберат политички поени. Ова може да се заклучи од фактот, што за секоја посета на Пештани, медиумите беа први информирани, значи на политичарите им беше важно само едно- посетата да биде е медиумски покриена.

И наеднаш се разбудија државните служби, почнаа да поставуваат насипи, да чистат канали, да сакаат да се координираат со локалната самоуправа, но за жал, не го погодија времето. Кога градоначалникот 

Но џабе, Охрид веќе се поплави, но не од езерото туку со црната и пуста политика. Која донесе толку нечистотија, која не само што го извалка името на градот, ќе му остави дамка, која ни водата од целото Охридско Езеро нема да може да ја измие и исчисти. Таа ќе остане како испрана флека, која не се отстранува, за да не 
И кога ќе ја изгледате последната сцена на овој филм, неговиот наслов сам ќе се испише: Политиката го полави Охрид – Филм кој ќе сакате да го премотате наназад. И сите што се барем малку разумни сигурно ќе сакаат да го премотаат нананазад и да направат ново сценарио, во кое ќе има помалку политика, омраза и во кое нема да има штети и жртви.










