Предизборно во Македонија растат политичките тензии. Политиката доминира во медиумите, а се погласно за неа се разговара на работа во друштво, во кафеана. Атмосферата дополнително ја загреваат партиите со секојдневните препукувања и обвинувања за афери, потпомогнати се разбира од дел од медиумите, кои речиси целосно се ставаат во функција на политиката. Амбиентот наскоро ќе биде надополнет со билборд кампањи и неизбежното плакатирање. Иако согласно законот општините одредуваат места за поставување плакати, редовно тие се лепат на излози, огради, автомобили, па и на дрвја. Дали нешто се променило во меѓувреме, ќе видиме многу скоро.

OhridNews