На полицаец вработен во гранична контрола Свети Наум, изречена му е парична казна во износ од 15 % од месечната плата во траење од три месеци, затоа што со себе носел приватен вклучен телефон, соопшти МВР. Истовремено против него, како и против уште еден полицаец вработен на граничниот премин Свети Наум запрена е дисциплинската постапка по друг основ, затоа што било утврдено дека нема повреда на правилата.

Во текот на изминатите две недели по спроведена дисциплинска постапка,
донесени се 29 решенија против 29 вработени во Министерството поради
сторени повреди во работењето, согласно Колективниот договор на МВР. На  17 вработени
изречена им е мерка парична казна,  на пет вработени изречена им е мерка
писмено предупредување,  четири постапки против четворица вработени се
запрени откако е утврдено дека нема повреда, на еден вработен му е
изречена мерка отказ а на двајца вработени мерка – распоредување на
пониско работно место.

OhridNews