Полицаец со лизгачки старт од позади го запре лудиот навивач, кој за момент ја прекина дерби пресметката во израелското првенство помеѓу Беитара и Макаби Хаифа. Навивачот успеа да им побегне на редарите и полицијата и влезе на теренот. Сите се впуштија да го бркаат, но никој не можеше да го сопре се додека не дојде полицаецот со дефанзивно искуство во фудбалот.

Судијата на мечот можеше слободно да го санкционира стартот на полицаецот со црвен картон, но тој доби громогласен аплаус од трибините.

Мх.П.