Поради голем интрес од страна на публиката, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ повторно ќе се прикажува претставата „Полицајци“  во изведба на актерите при охридскиот Народен  театар.  Премиерата на претставата се одигра изминатиот викенд пред преполна сала, при што се бараше карта повеќе.

Претставата која е во режија на Андреј Цветановски е работена според текст на полскиот писател Славомир Мрожек. Станува збор за приказна за објективитетот како состојба на умот. Драма за искоренување на субјективизмот и човечките вредности. За создавање на едноумие кое носи кон утопијата за совршен свет. За создавање совршен систем на сметка на хуманото во човештвото.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Валентин Костадиновски, Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Адријана Билаловиќ, Гпран Стојаноски, Никола Ристески, Игор Георгиоски, Владимир Ристески, Катерина Петреска.

Претставата започнува во 20 часот, а влезницата чини 100 денари.

OhridNews