Полициите од регионот во Охрид готват стратегија за борба против транснационалниот организиран криминал
10.12.13 20:28
Транснационалниот организиран криминал е реална закана за владеењето на правото, слободниот економски развој и демократските процеси, и оттаму превенцијата и борбата против овој вид криминал е приоритет на Владата, на Министерството за внатрешни работи, но и на сите институции надлежни за спроведување на законот. Ова меѓу другото го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Митко Чавков, на отворањето на дводневната меѓународна конференција – “Превенција и сузбивање на транснационалниот организиран криминал во Југоисточна Европа – Конвергенција на теорија и практика“, која денеска започна во Охрид.
Чавков нагласи дека знаењата и искуствата кои ќе се разменат на оваа конференција ќе дадат нов поттик во зајакнувањето на меѓународната соработка како императив во разбирањето на природата на транснационалниот организиран криминал и зајакнување на националните и регионални капацитети за негово спречување и сузбивање.
На конференцијата што ја организаираат македонското МВР и Центарот за безбедност, развој и владеење на правото (ДЦАФ) во рамки на програмата за гранична безбедност, учествуваат полициски експерти и научни работници од областа на безбедноста од речиси сите земји на југоисточна Европа.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.