
На Конференцијата ќе учествуваат околу 120 претставници од околу 30-тина земји од светот. Еминентни светски професори, полициски комесари, форензичари, доктори по криминологија ќе се осврнат на соработката на полицијата, развивање на безбедносни сојузи, полициското работење и безбедност, предизвиците на превенцијата на криминал, безбедноста и економскиот пораст.
IPES е основан во 1994 година од страна на Д-р Дилип Дас и е регистриран како непрофитна образовна корпорација. Негова цел е поддршка на полициските образовни иницијативи и давање професионални услуги за полициските служби во светот. Меѓународниот симпозиум на претставници на извршно ниво на полиција (ИПЕС) ги соединува полициските истражувачи и практичари, со цел да се олесни меѓукултурната, меѓународната и интердисциплинарната размена за збогатување на полициската професија. Овој симпозиум поттикнува дискусии и писмени текстови во врска со темите кои претставуваат предизвик и се од голема важност, преку низа иницијативи, вклучително и конференции и публикации.












