Италијанските карабињери и финансиската полиција, во вторникот, заплениле документација во 41 фудбалски клуб, вклучувајќи и 18 екипи од Серија А.


Како што пренесуваат италијанските медиуми, се работи за голема, координирана акција, како дела од истрагата за перење на пари, финансиски малверзации и даночни измами.

Во италијанската Серија А се натпреваруваат 20 екипи.

„Макфакс“