Едно лице го загуби животот додека едно се  здоби со тешки телесни повреди во тешката сообраќајна незгода што утрово околу 7 часот и 35 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Подмоље.

Од здобиените тешки телесни повреди, во болницата „Св.Еразмо„ починала К.К.(58) додека нејзиниот сопруг М.К.(62) поради сериозноста на тешките телесни повреди и по извршената неопходна медицинска интервенција  е задржан на натамошно лекување.


Според полицијата, тешката сообраќајна незгода се случила во моментот кога, сега тешко повредениот М.К. управувајки го своето патничко моторно возило „Ауди“ со oхридски регистарски таблици во правец кон Охрид, од засега непознати причини, скршнал на спротивната коловозна лента од каде, во правец кон Кичево, се движел автобус марка „Санос“  од Ресен, во кој се превезувале ученици. Никој од патниците во автобусот не е повреден.


  
На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на истражен судија при Основниот Суд во Охрид, екипа на СВР Охрид, вешто лице и стручни лица од станицата за технички преглед при Здружение на возачи од Охрид како и државен инспектор за патен сообраќај. За време на увидот, од страна на станицата за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, се изврши пренасочување на сообраќајот по стариот регионален пат Охрид-Струга односно по локалниот пат кој минува низ с.Подмоље, соопшти СВР Охрид.

OhridNews