Полициската станица во Струга презема интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „убиство во обид“, извршено рано утрово во струшкото село Велешта. На разговор повикани се повеќе лица жители на селото Велешта.

-Кривичното дело е извршено во 00.15 часот во Велешта при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил 36-годишен жител на селото Велешта. Настанот се случил во близина на домот на сега повредениот кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка Мерцедес. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ без регистарски таблици паркирано во близина на неговата куќа, излегле две лица. Возачот на ова возило испукал повеќе куршуми кон А.С. по што двајцата веднаш избегале. Повредениот итно е пренесен во општата болница воСтруга. – изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Полицијата повикала на разговор жители на Велешта, за кои постои сомневање дека се можни сторители на кривичното дело.

На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид при што пронајдени се осум чаури, еден проектил и еден дел од проектил. Полициската станица од Струга презема и други дополнителни мерки за утврдување на сторителот на кривичното дело „убиство во обид“, додаде Димовски. 

OhridNews