Полицијата ќе ги едуцира пензионерите од охридско како да препознаат измамa
06.07.12 17:41
Поради зачестеност на казнените дела „Измама“, Секторот за внатрешни работи Охрид, утре во 9 часот, ќе одржи средба со здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебрца.
Средбата, која има превентивен и едукативен карактер, ќе се одржи во домот на пензионерите и има за цел на оваа ранлива категорија граѓани низ типизирани предавања, да им укаже на потребата од зголемување на степенот на самозаштита и зголемување на вниманието и грижата, посебно на простори околу банките и поштите.
-Се работи за кривично дело со лажно претставување и доведување во заблуда на пововозрасни граѓани, на кои, засега непознатите сторители, им нудат огревно дрво, „златни“ часовници по поевтини цени, нудат наводна хуманитарна помош, презентираат наводно случени сообраќајни незгоди, и вешто ги доведуваат во заблуда, по што, од нив бараат евра или денари, информираат од охридската полиција.
Последен таков настан се случи на 3-ти јули оваа година, во парк на улицата „Јане Сандански“. Притоа, на повозрасен граѓанин од Охрид, непознато лице претставувајќи се дека е од Чешка, му побарал 100 евра, за да ги спореди, со други 300 евра, за колку се спогодил да купи часовник, што во истиот момент му го понудило друго лице, кој вредел 5550 евра. Како гаранција дека ќе се врати назад, непознатиот, на оштетениот, му го оставил часовникот и му објаснил дека еврата, кои, во меѓувреме тој ги донел од неговиот дом, ќе ги проверел кај сопругата на болница, по што, ќе му ги врати и ќе си го земе часовникот.
СВР Охрид, презема мерки за пронаоѓање на двете лица кои ја извршиле измамата, а паралелно, позитивно одговара и на барањето на здружението на пензионерите, за предавање поврзано со заштитата на имотот на пензионерите од измами и кражби.
Полиџијата апелира до граѓаните, да не наседнуваат на разни понуди и ветувања од непознати лица, со што, се доведуваат во опасност од губење на пари и други лични вредни предмети.
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуи...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пси...
СВР Охрид ја известува јавноста дека, од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.