Снегот ги олади вжештените глави и ги смири меѓуетничките тензии кои му се закануваа на соживотот во струшко по инцидентите и протестите на муслиманските верници поврзани со истакнување на  маски кои ја навредуваат исламската религија на карневалот во Вевчани.

Во меѓувреме подготвеност да седнат на иста маса и да разговараат за проблемот искажаа и градоначалниците на Струга и Вевчани, Рамиз Мерко и Перо Илиески, а според најавите средбата ќе ја организира СВР Охрид.

Полицијата изминатите денови интензивно работи на смирување на состојбите во струшко, а во таа насока заседаваа и локалните совети за превенција во Струга, Лабуништа и во Вевчани, од каде искажаа подготвеност за дијалог со цел смирување на тензиите.

OhridNews