Денес на кејот „Маршал Тито„ за најмладите, на импровизиран сообраќаен полигон се организира пригоден час за сообраќај на кој најмладите од неколку основните училишта беа подучувани на основните сообраќајни правила и прописи.
За нив, но и за останатите присутни, беа презентирани дел од материјално-техничките средства и опрема на сообраќајната полиција, езерската-гранична полиција, против-пожарната единица, а се поделија и пропагандни и едукативни флаери, што СВР Охрид ги дистрибуира, низ реализирање на едукативните превентивни проекти.
На денешната пригодна средба на СВР Охрид, со најмладите, по повод одбележување на 7- ми мај- Денот на полицијата, се придружија и волонтери на Црвениот крст од Охрид, членови на велосипедските клубови „Еко-дром“ и „Зш точак“, како и учесниците на манифестацијата „Детски семафор“ од Охрид.