Поради постоење на основано сомнение дека се сторители на кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност„ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.В. (30) и Р.Т. (22) двајцата од Охрид.
    
„На ден 03.11.2011 година, во 21 часот и 40 минути, пријавените кои во моментов се во бегство, заедно со уште две лица   со употреба на огнено оружје во угостителскиот објект „Пијано“ бар лоциран на улицата „Абас Емин“, предизвикале значителна опасност по животот на присутни граѓани. Пријавените, заедно со другите лица, пред барот пристигнале со патничко моторно возило марка „Ауди“ по што со истрели од огнено оружје се упатиле во внатрешноста на објектот. Таму, со викање и навреди кон Џ.А. сопственик  на објектот оружјето го впериле кон вработените.
    
Еден од нив, од пластична туба започнал да го прска ентериерот на барот со запалива течност а потоа  извршиле опожарување на маси, столици, завеси и други делови од внатрешноста на угостителскиот објект. Веднаш потоа, со истото возило, брзо го напуштиле местото упатувајки се по магистралниот пат Охрид-Подмолје.
    
Со цел расчистување на случајот, СВР Охрид од слобода лиши едно лице и презема засилени мерки за пронаоѓање на уште најмалку две лица за кои постојат сознанија дека се можни соучесници во инцидентот“, соопшти СВР Охрид.