Полицијата поднесе кривични пријави за злоупотреба на службена положба и финансиски злоупотреби против вработен во Локалната самоуправа и управител на фирма, како и против фирмата и уште една друга фирма.
Тие се товарат дека несовесно се однесувале при изградба на инфраструктура во охридско предвидена со тендер распишан од општината, со што овозможиле повисока наплата на извршените работи на фирмите во висина од 2,3 милиони денари, соопшти МВР.