СВР Охрид поднесе кривична пријава против петмина членови на Комисијата за јавни набавки при НУ „Охридско лето“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против сопственик и управител на специјализирана фирма за тргување со екслозивни материи од Струга за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

Според МВР во периодот од 2010 до 2011 сопственикот и управителот на споменатата фирма поднеле несоодветна документација до  Комисијата за јавни набавки на експлозивни материјали, а членовите без да ја утврдат професионалната дејност на фирмата одлучиле таа  да ја добие јавната набавка. На овој начин, посочената фирма остварила промет во износ од 359.988 денари, соопшти МВР.

OhridNews