
-На 08.12.2017 година околу 20,00 часот на магистралниот пат Ресен-Охрид кај с.Крушје, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило„Лада“ со вевчански регистерски таблици управувано од 39-годишно лице од с.Вевчани-струшко и патничко возило „Опел“ со охридски регистерски таблици управувано од 42-годишно лице од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, при што охриѓанецот бил пренесен во болницата Св„Еразмо“, од каде бил препратен во Клиничкиот Центар во Скопје, а вевчанецот бил пренесен и задржан во Медицинскиот Центар во Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Ресен. За време на увидот, во времето од 20,00 до 22,30 часот сообраќајот бил во прекин во двата правци. Се работи на целосно расчистување на случајот.- соопшти МВР.
OhridNews











