-Со приближувањето на Новогодишните и Божиќните празници станува актуелна употребата на пиротехнички средства, најчесто петарди, па поради тоа се вршат, контроли на тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид. Полициските службеници, во текот на наредната недела уште повеќе ќе ги интезивираат теренските активности, а ќе бидат вршени и контроли на сообраќајот, односно ќе се контролираат автомобили и багаж, велат од СВР Охрид.
Оттаму објаснуваат дека пиротехничките средства со Законот за заштита од експлозивни материи, се квалификуваат како експлозивни материи, со кои промет единствено можат да вршат претпријатија кои се регистрирани за таква дејност.