„Нарушување на јавниот ред и мир и грубо насилство се случи вчера во пицеријата „Американо“ лоцирана на Кеј „Маршал Тито„ во Охрид. Притоа, лицето А.В. (30) се здобил со тешки телесни повреди додека З.Т. (28) со повреди односно со расекотина во пределот на грбот додека кај вработените и гостите е предизвикано чувство на страв, несигурност и загрозување.
Нарушувањето се случило околу 14 часот и 45 минути кога кон А.В. кој бил пред пицеријата се упатиле Ц.М.(33) М.Т.(25) З.Т.(28) Н.М.(25) од Охрид и уште две засега непознати лица. Со цел да го избегне нападот од нив, А.В. се сокрил внатре во пицеријата и ја заклучил влезната врата. Од страна на Ц.М. и М.Т. бил скршен прозорецот од вратата по што во пицеријата влегле сите и почнале со раце, нозе и погодни предмети да го удираат А.В. кој се здобил со повеке повреди во главата и телото. Истиот, веднаш е пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“.
Со цел расчистување на настанот, СВР Охрид ги приведе и лиши од слобода С.П. и З.Т. додека по останатите три лица се во бегство и се преземаат интензивни мерки за нивно пронаоѓање. Десеттина други лица се повикани на разговор. Приведениот З.Т. кој се здобил со расекотини по грбот е пренесен во болницата во Охрид а потоа во Општата болница во Струга и е надвор од животна опасност.
На лице место, во присутво на Истражен Судија при Основниот Суд во Охрид и екипи на СВР Охрид, извршен е криминалистичко технички увид.
СВР Охрид презема дополнителни мерки за пронаоѓање на уште три лица инволвирани во настанот и целосно расчистување на случајот по што ке биде поднесена кривична пријава.
Учесниците во вчерашното нарушување на јавниот ред и мир се добро познати на службата против кои и досега биле поднесувани пријави за сторени кривични дела додека А.В. има издржувано и казна затвор во казнено поправната установа Идризово-Скопје“.-се вели во соопштението на СВР Охрид.
Полицијата трага по лицата инволвирани во вчерашното насилство во Охрид
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com