Синоќа триесет минути по полноќ, патрола на Езерската полиција при вршење контрола на Охридското Езеро, во близина на авто кампот „Андон Дуков“ на одалеченост од околу 50 метри од брегот на езерото затекнала 28 рибарски мрежи, со улов на околу 8 кг.  риба.

Пронајдениот риболовен алат и уловот е изваден од водите на езерото и е донесен во полициската станица за граничен надзор за понатамошна постапка, а во тек се мерки за утврдување на нивниот сопственик.

OhridNews