Полицијата има сознанија кое е лицето кое вчера управувајќи скутер со поголема моќност предизвика несреќа на Машка плажа во Струга, при што е повредено 21-годишно момче од с. Брвеница-тетовско, кое е пренесено на скопските клиники.
Несреќата како што информираат од полицијата се случила околу 16.30 часот, кога од засега неутврдени причини скутер со голема брзина удрил во педалинка на која имало четири лица. Инцидентот се случил на околу 150 метри од брегот. Возачот на скутерот побегнал од местото на несреќата, а повреденото момче биле извлечено на брегот.
Од 20-ти јули на Охридското Езеро на сила стапува делумна забрана за пловидба на скутерите со мотор посилен од 45 киловати, која ќе се однесува во периодот на најголема фрекфенција на плажите од 11 до 18 часот.
OhridNews