Министерството за внатрешни работи ја потврди акцијата за апсење која се спроведува на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Според МВР, ОСОСК презема мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителство на УКИМ, поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, и „примање поткуп“ сторени од страна на вработени на Економскиот факултет.

Неофицијално, уапсен е професорот и долгогодишен декан, Бобек Шуклев, а осомничени се вкупно осум лица, шестмина професори и двајца наводни помагачи.

Од осомничените уапсен е само професорот Шуклев, а по другите сé уште се трага.

Тие наводно имале разработен систем, полицијата ја проверува инволвираноста и на лица вработени во угостителските објект на факултетот.

OhridNews
Извор:„Макфакс“