
На средбата ќе бидат изнесени детаљи за планираните превентивни активности од проектот „Среќни и безбедни матурски вечери“, како и за мерките што се предвидени во проектот за заштита на децата од сексуална злоупотреба.
– Целта на овие два проекти е да се влијае на младата популација за подигнување на безбедносната култура, да се зголеми личната одговорност на секој матурант како и да се актуелизира неопходноста од стекнување на повеке информации за педофилијата како општествено штетна појава, но и да се нагласи потребата од застанување на патот на ова девијантно-криминогено однесување на поединци, велат од полицијата.
На присутните на средбата ѓе им бидат поделени едукативни флаери со корисни совети за младите и нивните родители.












