Претставници на Секторот за внатрешни работи Охрид и одделението за превенција, денеска на пладне во Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ ќе  одржат состанок со  советодавната група на граѓани.
 
На средбата ќе бидат изнесени детаљи за планираните превентивни активности од проектот „Среќни и безбедни матурски вечери“, како и за мерките што се  предвидени во проектот за заштита на децата од сексуална злоупотреба.

– Целта на овие два проекти е да се влијае на младата популација за подигнување на безбедносната култура, да се зголеми личната одговорност на секој матурант како и да се актуелизира неопходноста од стекнување на повеке информации за педофилијата како општествено штетна појава, но и да се нагласи потребата од застанување на патот на ова девијантно-криминогено однесување на поединци, велат од полицијата.
 
На присутните на средбата ѓе им бидат поделени едукативни флаери со корисни совети за младите и нивните родители.   

Ohridnews