Во текот на 2009 и 2010 година, пријавениот како командир на ПС Струга овозможил 13 барања за поведување на прекршочна постапка да не бидат процесуирани, односно против 13 лица да не биде поведена прекршочна постапка за констатираните прекршоци од областа на јавниот ред и мир и сообраќајот.
Имено, пријавениот на директно подредениот раководител на канцеларијата за извештаи му наредил да не се процесуираат барањата. На тој начин седум барања заведени во регистарот ги задржал кај себе до нивно застарување, односно ги вратил кога веќе биле застарени, додека останатите шест барања без да ги потпише ги задржал кај себе и не ги вратил за да се процесуираат.