Во текот на изминатата година, Единицата за борба против криминалот „Алфи“, при вршење на редовна мотопатролна дејност извршила легитимирање на вкупно 11 606 лица. Од нив, по разни основи приведени се 3 582 лица, а извршен е и преглед на вкупно 1182 моторни возила.

Дел од лицата се приведени под сомнение и по основ за извршени кривично, за издржување на казна затвор, потоа по основа на потраги и наредба од Основен суд, а приведени се и странски државјани со нерегулиран престој во државава.

404 лица се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, додека поради поседување опојни дроги дури 608 лица се однесени во полициските станици.

OhridNews