-Размислуваме идната година застарените средства пред се возниот парк да го обновиме, делови од униформата на кои рокот е изминат и практично да одговариме на барањата на нашите вработени што во континуитет ги добиваме, истакна Јанкуловска.
Претставниците на синдикатот се задоволни од дијалогот со министертвото, а меѓу приоритните прашања кои треба да се решат, според нив, останува имплементирањето на системот на кариера.
– Фокусот на вниманието во наредната година ќе ни биде насочен кон имплементирање на системот на кариера како еден од клучните системи за професионалното работење на нашите колеги и нормално актите кои следуваат во тој правец, рече Тихомир Климоски, од Македонскиот полициски синдикат.
Полицискиот синдикат очекува да продолжи позитивниот дијалог со МВР со цел реализирање на клучните цели во 2012 година.