Со концерт на светската вокална атракција „Перпетум Џезиле“, синоќа, на Античкиот театар, фестивалот „Охридско лето“ го одбележа 52-от роденден, како и 60 годишнината од постоењето на Европска асоцијација на фестивали,чиј член е најзначајната културна манифестација во земјава.

Дирекцијата на „Охридско лето“ е задоволна од досегашниот тек на фестивалот, кој според неа ги оправдал очекувањата и високото реноме кое оваа манифестација повеќе од половина век го гради на меѓународната фестивалска сцена.

Програмата се реализира како што предвидовме и во целост. Посебно не радува тоа што настаните се многу посетени, секоја вечер имаме полни сали независно на кое место се одржуваат концертите или претставите, истакна Елизабета Јанкуловска, директор на „Охридско лето“.

Фестивалот Охридско лето трае до 20-ти август. Тотогаш љубителите на уметноста ќе има можност да проследат концерти на врни музичари од целиот свет, како и неколку театарски премиери.

OhridNews