Дури кај 190 огласи за вработување кои минатиот месец биле објавени во неколку дневни весници, Комисијата за заштита од дискриминација забележала елементи на оваа појава.

Според истражувањата и анализите на Комисијата, во 178 оглас имало директна дискриминација од страна на работодавецот, додека во 162 огласи се наведува полот кој се преферира при вработувањето.

Во 64 случаи, како критериум се става возраста, додека во 20 огласи како услов требало да се прати портфолиото со лична фотографија.

Инаку, во анализите се опфатени повеќе видови дискриминација, како полова, општествена и возрасна.

OhridNews