Во координирана акција на македонската полиција и царината, денеска на граничниот премин Ќафасан биле запленети 500 килограми марихуана. По претходно добиени сознанија, опојната дрога била откриена во специјално направен бункер во приколка на товарно моторно возило со македонски регистрации, управувано од државјанин на Република Македонија.

Возачот на камионот бил приведен, а во тек е обемна полициска истрага. Повеќе информации за случајот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

OhridNews