Претставници на компанијата Хидрос , една од најголемите производители на машини и машинска опрема  од Полска , ја посетија Општина Охрид. На средбата со претставници од Локалната самоуправа, гостите ги презентираа можностите на нивната компанија и покажаа интерес да инвестираат во Охрид и поширокиот регион.


Компанијата Хидрос  покажа интерес за опремување на јавното комунално претпријатие, за изградба на современа регионална депонија за собирање и рециклирање отпад, како и за учество на тендери за изградба на капитални локални инфраструктурни објекти.

OhridNews