Најголемиот Полски туроператор ИТАКА пројавил сериозен интерес да ја вклучи Македонија во својата туристичка понуда и да воведе редовен чартер лет до нашата земја од 2013 година.  Ова е резултатот од неколуте промотивните активности, кои македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот ги организираше минатата седмица во Полска. Во рамки на промоциите, макдонските туристички работници остварија средби со важни претставници на туристичката фела во Варшава, Познањ и Краков.

-На средбата што Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јордан Трајков ја имаше со претставниците на ИТАКА, во Краков начелно беше договорено  нивни стручни лица, во најскоро време да ја посетат Македонија, за одблиску да ја видат нашата туристичка  понуда, по што би следувало  воведување на чартер линија од Полска. Доколку се воведе оваа линија истата би се сообраќала еднаш или два пати неделно, велат од Агенцијата за промоција на туризмот.

Од таму потенцираа дека покрај  оваа средба директорот Трајков остварил средба со Организаторот на саемот ТОУР -САЛОН, во Познањ и одржал состанок со директорот на полската туристичка комора во Варшава.


Макдонските тур-оператори на состанок со Полските тур-оператори во Варшава

Сите македонски тур оператори, кои патувале во Полска оствариле средба со претставници на дваесетина полски туристички агенции. Промотивните активности биле подржани од Амбасадата на Република Македонија во Полска и македонскиот економскиот промотор во оваа земја.

OhridNews