Втора година по ред, членовите на лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид, во соработка со туристи од Полска кои и оваа сезона во голем број престојуваат во нашата земја, реализираат еколошки акции за чистење од отпад на планината Галичица.
Покрај останатите активности, полските туристи кои доаѓаат од Катовице, преку агенцијата „Алтамира“ имаат и тура преку планината Галичица. Програмата предвидува пешачење по асфалтниот пат кој води преку националниот парк, каде полските туристи и лајансите од „Лихнидос“ собраа поголема количина најразличен цврст отпад расфрлан покрај коловозот.
Вакви акции членовите на ЛК „Лихнидос“ и туристите од Полска ќе спроведуваат и во иднина.
OhridNews