Утре на програмата се полуфиналните дуели на ЕП во фудбал за девојчиња до 19г. Поради барањето на Евроспорт на Националната Арена Филип Втори Македонски силите ќе ги одмерат селекциите на Холандија и Англија . Почетокот на натпреварот е во 17ч. со директен пренос на Евроспорт и МТВ.

Второто полуфинале помеѓу селекциите на Германија и Франција, се игра на стадионот на Башкими во Куманово во истиот термин 17ч.

Поради отстапените ексклузивни права на Евроспорт, УЕФА ги информира телевизиските станици дека нема да биде дозволено снимање на овие натпревари. За користење на делови од натпреварите, заинтересираните телевизии ќе треба да се обратат до Евроспорт кој заедно со МТВ ќе врши директен пренос и од финалето.

Извор “ФФМ“