Германија или Италија, кој ќе му прави друштво на Шпанија во финалето од Европското првенството.


Вечерва во Варшава, ќе се сретнат старите познаници на големи натпреварувања. Германија во 1/2 финалниот дуел против Италија ќе влезе со четири победи на исто толку натпревари. “Панцирите“ во 1/4 финалето ја здробија Грција со 4-2.


Италија во групната фаза одигра колку што им беше потребно, ремизираа на два меча а со победата над Ирска во третото коло обезбедија 1/4 финале. За влез во најдобрите четири Италија беше поуспешна од Англија по изведувањето на пеналите.

Во меѓусебниот биланс Италија има подобар скор од Германија, но дали имаат сила “азурите“ да ја запрат германската машинерија.

Мх.П.