Јубилејното 15-то издание на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2018“ влегува во завршна фаза. Вечерва, на програмата се натпреварите од полуфиналната рунда.

Возбудувањата во полуфиналето почнуваат во 21 часот со мечот Мистер И – Шила, а ќе продолжат во 22 часот со дуелот АСП Пак – Замок Александар.

Победниците од полуфиналните натпревар во вторник на 7 август ќе играат во финалето, додека поразените ќе се сретнат во малото финале.

Двојки:

Мистер И – Шила

АСП Пак – Замок Александар

OhridNews