Во полуфиналето на фудбалската Лига Европа ќе има најмалку еден тим од Португалија (Бенфика или Брага), а Порто ќе се обиде преку шпански Вилјареал да обезбеди финале со земјаците, во Даблин, на 18 мај .


Шпанскиот Вилјареал му гостува на Порто во првиот полуфинален меч од фудбалската Лига Европа и претставува единствена пречка на патот до португалско финале во натпреварувањето. Во другото полуфинале помеѓу два португалски тима, Бенфика е домаќин на Брага.

Двојки :
Бенфика – Брага 21.05
Порто – Вилјареал 21.05