На М.Ш., виш инспектор во полициска станица од општа надлежност Струга, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од три месеци затоа што одбил да изврши наредба.
М. Ш. е еден од десеттината вработени во МВР против кои во текот на изминатата недела, по спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија поради сторени повреди во работењето.
На осум вработени изречена им е мерка парична казна, додека на тројца вработени изречена им е мерка писмено предупредување, поради пречекорување на службените овластувања.
извор: МВР












