
Првиот бил во 2.47 часот со јачина од 2.5 степени по Рихтер, а вториот во 9.22 часот со интензитет исто така од 2.5 степени.
Директорот на Институтот за земјотресно инженерсто Михаил Гаревски во разговор за OhridNews вчера, истакна оти смета дека состојбата со земјотресите во Охрид.
–Од главниот удар кој беше со интензитет од 5 степени поминаа три недели. Карактеристично е за афтершоковите да траат месец дена, а ако е посилен и два до три месеци. По катастрофалните земјотреси во Италија во август минатата година, сеуште има маса афтершокови. По земјотресот со магнитуда од 5 степени во охридскиот регион, имаше доста потреси со поголем интензитет, така да повеќе личи на рој земјотреси отколку афтершокови. Но, по класичната дефиниција, ако оној со јачина од 5 степени беше главен удар, се надевам дека нема да има посилни потреси и сите овие може да се третираат како афтершокови. Ако се заврши со земјотресот од 5 степени, што би требало да е случај, мислам дека понатака за многу долг период охриѓани ќе заборават на тресењето. – изјави за OhridNews Гаревски.
OhridNews
Разговор со М. Гаревски:Сите објекти кои се модерни и градени после 1980-та се исклучително сигурни











