Охридскиот рамковен договор донесе во Македонија еден вид привиден мир и интеграција на оние кои се залагаа за тоа, додека помалите етнички заедници, за жал, останаа надвор од тие рамки, а најголеми последици има врз Египќаните, сметаат политичките претставници на оваа етничка заедница, која во најголем дел живее во Охрид.

– Денес, треба да се биде објективен и да се истакне дека Египќаните немаат своевиден механизам за интеграција и тие мораат да ги „користат“ механизмите на припадниците на Ромскиот етнички кампус, или на други, за да бидат интегрирани во институциите, иако се работи за лојално и автохтоно население. Затоа, Египќаните ќе ја платат цената на наредниот попис, што не е во интерес на мултиетничка Македонија. -вели Демир Далип, од десното крило на Сојузот на Египќани.

Според него неопходно е да се прошират рамките на Охридскиот договор, а се со цел интегрирање на малцинските групи како што се Египќаните, Црногорците, Хрватите, Бошњаците во македонското општество што пак ќе придонесе за негова побрза  интеграција во ЕУ и НАТО.

OhridNews