Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2011 година изнесува 55 323, а бројот на ноќевањата изнесува 143 085.

Бројот на туристите во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, е зголемен за 7.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8%.

Бројот на домашните туристи во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, е намален за 11.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.1%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2011 година, во однос на јуни 2010 година, е намален за 5.4%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 31.9%.

Во периодот јануари-јуни 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 6.6% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 9.6%, а кај странските има зголемување за 21.4%.

Во периодот јануари-јуни 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 10.6%, а кај странските има зголемување за 24.1%.

OhridNews