Околу 150 тригодишни пастрмки од мрестилиштето на Хидробиолошкиот институт угинаа поради недостаток на свежа вода, информираат од научната установа.

-Причина за угинувањето на пастрмките е ниското ниво на подземни води, односно сушата поради што дошло до прекин во дотурот на свежа вода во мрестилиштето. Правиме напор со стручните лица од МЈП „Проаква“ да се изнајде решение, односно да се обезбеди непречено снабдување на мрестилиштето со свежа вода за во иднина да не се случуваат вакви инциденти, изјави за OhridNews, Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод од Охрид.

Тој посочи дека угинатите пастрмки претставуваат околу 15 проценти од вкупната рибна популација во мрестилиштето, додека преостаната риба е спасена.

OhridNews