Дербито на „Местаља“ стадионот помеѓу Валенсија и Барселона ќе добиеше сосема поинаков тек, ако вториот помошник на главниот судија го признаеше регуларниот погодок на каталонците. Лионел Меси не шутираше баш најдобро, но голманот на Валенсија, Нето не интервенираше како што треба и топката ја мина гол линијата. Сепак, помошникот не го забележа тоа и не му асистираше за погодок на главниот судија.
После завршување на првиот дел помошникот во разговор со Меси му призна дека топката ја минала гол линијата, а останува прашањето зошто тогаш не покажал на центар.
Иначе, мечот заврши без победник (1-1) и Барселона ја задржа предноста од четири бодови на табелата.
OhridNews