Овој Велигден благодарение на хуманите луѓе петчленото семејството Митрески од Охрид, кое е на работ на егзистенција и живее од скромната социјална помош од 3.700 денари, го пречека достоинствено. Охридската компанија  „Гир-Риг“  донираше храна и хигиенски препарати, а во домот на Митрески пристигна и кревет, што беше желба на семејството кое живее во малечка соба во куќа на пензионер кој поради својата хуманост им ја дал  за да се приберат.


Помошта го разубави Велигден на семејството Митрески

Од компанијата „Гир-Риг“ ветуваат дека ваквите акции ќе прераснат до традиционални и апелираат до сите компании кои имаат можност да помогнат и да ги поддржат ваквите акции кои имаат единствена цел да им помогнат и да им дадат зрак надеж на оние на кои тоа им е најпотребно. 

OhridNews