Од општинскиот инспекторат апелираат до  сопствениците на угостителските  објекти кои се уште не поднеле барање со комплетна проектна документација  за поставување урбана опрема  пред ресторанот односно кафулето, истото да го сторат  најдоцна до понеделник ,19-ти мај.

Во спротивно инспекторатот од понеделник ќе започне акција на подигање на нелегално поставената урбана опрема ( маси, столици)  поставена на јавни површини.

Од инспекторат, воедно потсетуваат да се почитува обележаниот простор ограничен со жолти линии.

OhridNews