Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празници 20 Септември (недела) Рамазан Бајрам, односно, 21 Септември 2009 година (понеделник), првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Рамазан Бајрам на верниците од муслиманска вериосповед.












