Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ 28 септември 2009 година (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур.












