Зимскиот распуст за основците и средношколците започнува во понеделник. Распустот ќе трае  до 20-ти јануари, кога почнува второто полугодие.

Оваа учебна година како што соопшти Министертсвото за образование нема да биде спроведено екстерно тестирање за проверка на објективноста на наставниот кадар и реалното знаење на учениците, бидејќи електронскиот систем за спроведување на тестирањето е се уште во подготовка. За проверка на неговата функционалност ќе се спроведе пробно екстерно тестирање.

OhridNews